Во ситуација кога првите десет носителки не успеаја да стигнат до четвртфиналето, Серена Вилијамс останува апсолутна фаворитка за трофејот на британскиот гранслем турнир. Американката денеска за противничка ја имаше Русинката Касаткина, лесно славејќи со 6-2, 6-2, за место меѓу осумте најдобри тенисерки на Вимблдон.
Серена за противничка во четвртфиналето ќе ја има Американката Џорџи, која денеска славеше над Макарова со 2-0 во сетови. Во преостанатите три четвртфинални дуели ќе се сретнат Бертенс – Гергес, Кербер – Касаткина и Цибулкова – Остапенко.
Серена Вилијамс во кариерата има дури седум титули на Вимблдон, последната во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА