Серена Вилијамс продолжува со сигурни игри на Вимблдон, откако без многу проблеми се пласираше во четвртфиналето од „неофицијалното светско првенство“. Таа денеска за противничка ја имаше Суарез Наваро од Шпанија, на која во ниту еден момент не и дозволи да се понадева на изненадување.
Серена направи брејк во првиот гејм, па рутински го доби сетот со 6-2, за потоа и во вториот сет да слави со идентичен резултат, за пласман меѓу најдобрите осум тенисерки на Вимблдон.
Нејзина следна ривалка ќе биде сонародничката Алисон Риск, која денеска приреди сензација елиминирајќи ја првата носителка Ешли Барти со 2-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА