Синоќа, веста дека Серена Вилијамс се враќа на тенисот се прошири низ тенискиот свет, но веќе утрово таа ги демантираше овие гласини.
Најуспешната тенисерка во Опен ерата, со 23 гранд-слем титули, неодамна побара од Агенцијата за интегритет на тенисот да ја врати на списокот на играчи регистрирани за допинг тестови. Секако, кога ова се дозна, имагинацијата се разгоре. Но, нема ништо од тоа бидејќи самата ја демантираше оваа вест.
„Не се враќам на тенисот. Овој пожар што го запаливте е интересен, но нема вистина“, напиша Серена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

