Најуспешната тенисерка во историјата, Серена Вилијамс имаше враќање во голем стил на Австралија Опен по две години. Американката во првото коло на грандслемот во Мелбурн лесно, во два сета, со 6-0 и 6-2 ја победи Германката Татјана Марија.
За Серена ова беше првиот меч на Род Лејвер Арена по финалето против нејзината сестра Венус во 2017 година. Минатогодишното издание го пропушти поради мајчинство.
Вилијамс до стартната победа дојде за помалку од 50 минути. Во второто коло, Серена ќе игра против Еужени Бушар која забележа почетна победа над Кинеската Шуај Пенг со 2-0 во сетови.
Без проблеми првото коло го поминаа Плишкова, Потапова, Киз,Севастова, Мугуруза, а елминирани се десеттата тенисерка во светот Дарја Касаткина по поразот од Тимеа Бачински како и поранешната тенисерка број еден, Викторија Азаренка која загуби од Лора Зигмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА