Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс стигна до ново финале на грен-слем турнирите откако за нешто повеќе од еден час игра ја збриша Украинката Елина Свитолина со 2-0 (6-4, 6-1).
Во финалето Вилијамс ќе се сретне со младата канадска тенисерка Бјанка Андреску која во неизвесен натпревар беше подобра од Белинда Бенчиќ од Швајцарија со 2-0 (7-6 и 7-5).
Серена последниот грен-слем го освои во 2017. година на Австралија опен, додека на пехарот во Њујорк чека од 2014. За младата Андреску ова ќе биде прво грен-слем финале во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА