Серена Вилијамс направи уште еден чекор напред кон нов трофеј на Вимблдон, славејќи над Камила Џорџи од Италија со 2-1 во сетови за место во полуфиналето од овој гранслем турнир. Американката немаше лесна задача, особено откако Џорџи го доби првиот сет, но потоа Вилијамс направи по еден брејк во нареднте два сета и да направи целосен пресврт, за нејзина 19. победа во низа на Вимблдон.
Серена во полуфиналето ја очекува дуел со Германката Џулија Џоргес, која исто како и Вилијамс денеска со пресврт славеше во својот четвртфинален натпревар против Бертенс, со конечни 3-6, 7-5, 6-1.
Остапенко со уште еден одличен меч стигна меѓу најдобрите четири тенисерки на Вимблдон, совладувајќи ја Цибулкова со 7-5, 6-4, па белоруската тенисерка сега во битка за место во финалето ќе се сретне со Кербер, која беше подобра од Русинката Касаткина со 2-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА