Серена: Јас да бев на местото на Синер, ќе ми дадеа 20 години суспензија

Серена Вилијамс се вклучи во дебатата околу исправноста на минималната суспензија што ја доби Јаник Синер за големиот допинг скандал во кој беше вклучен прворангираниот светски тенисер.

Италијанецот доби само три месеци суспензија иако имаше два позитивни теста на анаболичкиот агенс клостебол, а изречената казна предизвика бурни реакции во јавноста.

„Јас немам ништо против Синер, го сакам тоа момче, сакам да го гледам како игра. Сепак, морам да кажам, ако јас бев во иста ситуација, ќе добиев 20 години суспензија. Тука нешто не е во ред“, изјави Серена.

Синер се вадеше дека грешката не е негова, туку на физиотерапевтот, но Вилијамс се потсети на случајот на Марија Шарапова, чија двогодишна суспензија беше намалена на 15 месеци неиграње, иако беше утврдено дека таа незнаејќи внесувала недозволена супстанца.

„Чудно е, во последно време многу размислуваше за Шарапова. Од сегашна перспектива, многу ми е жал за неа бидејќи таа суспензија ја исфрли од ритам. Околностите се многу слични со Синер, но казните се целосно различни“, тврди Серена Вилијамс.

Се вчитува...