Серена Вилијамс имаше бавен старт, но потоа го крена нивото на игра и успешно го мина воведното коло од тенискиот грен-слем Ролан Гарос. Американката се помачи во првиот сет кој го доби во тај-брејк, а потоа со 6-0 го доби вториот сет во победата над сонародничката Кристи Ан (7-6 (7-3) 6-0).
Во вторто коло на парискиот грен-слем место обезбеди и Петра Квитова со победата над Французинката Додин со 2-0 во сетови, а во слендото коло се и Ерани, Бертенс, Пиронкова.
Освојувачот на УС Опен, Доминик Тим имаше победнички почеток на новиот грен-слем предизвик. тој во стартната рунда забележа победа од 3-0 во сетови над Хрватот Марин Чилиќ. Пласман натаму имаат и Нишиока, Сок и Кукупкин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА