Серена Вилијамс лажеше дека не било „коачинг“ гестикулацијата со својот тренер за време на финалето од УС Опен, сосема неоправдано навредувајќи го главниот судија на мечот.
Американката загуби сосема заслужено од младата Јапонка, Наоми Осака која стигна до првата своја Гранслем титула. Но, финалето го одбележа караницата меѓу Серена и судијата која ја опомена за „коачинг“ а после нејзините навреди кон него и одзеде и гем.
Серена беше шокирана, тврдејќи дека не било „коачинг“, но сето тоа очигледно беше добра нејзина глума затоа што веќе денеска се појавија бројни видеа на кои се гледа дека нејзиниот тренер Патрик Муратоглу со договорени гестикулации и праќа совети на својата тенисерка.
Coaching or not ?#usopen pic.twitter.com/OATS0LE2Y2
— Ashish TV Slams (@ashishtvslams) September 8, 2018
„Вистина е. Не можеме да криеме. И кажував што да прави, но мислам дека не гледаше во мене. Го праваше тоа и тренерот на Осака. Всушности, сите тоа го прават. Ниту разбивањето на рекетот не беше некоја голема работа за таква казна. Судијата сакаше да биде ѕвезда во финалето и успеа во тоа“ – рече во лутина по синоќешното финале и тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА