Серена меѓу носителките на Вимблдон, извиси Цибулкова

Седумкратната освојувачка на Вимблдон, Серена Вилијамс ќе биде 25, носителка на турнирот и покрај тоа што е надвор од најдобрите 32 тенисерки на ВТП листата соопшти денеска организаторот на престижниот гранслем. 36-годишната Американка поради паузата за мајчинство падна на 183. место на ранкингот. По враќањето, во текот на оваа година, настапуваше на три турнири. Поради ваквата одлука, 32-та на АТП листата, Словачката Доминика Цибулкова не е меѓу носителките.

„Сметам дека ова е погрешно, едноставно не е фер. Јас се трудев многу и треба да бидам носителка. Ја ставаат неа пред мене и јас го губам местото“ – вели разочараната Цибулкова.

Тенисерката број еден во светот, Романката Симона Халеп е прва турнирска носителка. Кај тенисерите оваа позиција му припадна на Роџер Федерер и покрај тоа што не е првопласиран на АТП – листата. Лидерот Надал ја доби втората носителска позиција.

Поради поинаквите правила во двете ждрепки, машката и женската, Енди Мареј кој има две титули од Вимблдон, не можеше да добие позиција на носител. И Британецот правеше долга пауза проади операција на колкот и полека му се враќа на тенисот.

 

Се вчитува...