„Серена мора да се соочи со реалноста“

Серена Вилијамс мора да ја промени стратегијата на грен-слем турнирите доколку сака да го урне рекордот на Маргарет Корт, тврди нејзиниот тренер Патрик Муратоглу.

„Мораме да го прифатиме фактот дека нашиот план не работи. Можеби треба да ги согледаме работите од друг агол, да смислиме нова стратегија и да поставиме нови цели. Потребно е да се соочиме со реалноста, но Серена и понатаму верува дека може да го собори тој рекорд. Во спротивно немаше веќе да игра тенис. Таа е убедена и затоа и јас верувам во тоа. Не е толку далеку успехот, само мораме да промениме некои работи. Не знам уште колку ќе игра, но доволно е тоа што играше четири финалиња по породувањето. Мораме да сфатиме зошто не успеа да добие барем едно“, изјави Муратоглу. 

Серена досега има освоено 23 грен-слем трофеи што е еден помалку од рекордот на легендарната Маргарет Корт.

Се вчитува...