Серена нема да биде носителка на Ролан Гарос

Поранешената тенисерка број еден во светот, Серена Вилијамс, ќе мора како нерангирана да влезе во годинашното издание на Ролан Гарос. Организаторот денеска објави дека носителската листа ќе биде формирана според моменталниот ВТА ранкинг.

Серена Вилијамс е трикратна освојувачка на турнирот во Париз. Таа во моментов е на 453. место на ВТА-листата, но добро за неа што според регулативата има право да учествува на Ролан Гарос благодарение на позицијата што ја имаше на листата пред повлекувањето поради мајчинство. Американката се повлече како првопласирана.

Поради тоа што нема да биде носителка, Вилијамс е под ризик да се сретне со топ-тенисерките уште многу рано, во почените рунди на Ролан Гарос кој стартува в недела. Ждрепката за костурот ќе биде в четврток.

Претходно беше објавено дека Вилијамс би можела да добие носителски статус на Вимблдон. И на овој гранслем ранкингот се одредува според позициите на ВТА-лисата, но организаторот се повика на дискрециско право да овозможи на одредена тенисерка место меѓу носителките иако таа е во долниот дел од ВТА-листата.

 

 

Се вчитува...