Серена нема да учествува на Австралија опен

Американската тенисерка, Серена Вилијамс потврди дека нема да учествува на првиот гранд-слем во сезоната, Австралија опен. Седумкратната шампионка во Мелбурн нема да може да се натпреварува во јануари бидејќи се уште не е физички подготвена.

„Следејќи ги советите од мојот медицински тим одлучив да се повлечам од Австралија опен. Иако одлуката не беше лесна, свесна сум дека неа сум физички подготвена за настап во Мелбурн“, изјави Серена. 

23-кратната гранд-слем шампионка нема настапено на меч од Вимблдон минатата година кога во првото коло на средината на првиот сет и го предаде мечот на Белорусинката Александра Шашнович.

 

 

 

Се вчитува...