Американската тенисерка Серена Вилијамс откри дека според неа најдобар на сите времиња е Швајцарецот Роџер Федерер. Таа минатата година на Хопман купот имаше шанса да се сретне против легендарниот Швајцарец, искуство што ќе го памети целиот живот.
„Бев многу возбудена. Тоа беше натпревар на кариерата. Да се игра против најголемиот на сите времиња и тоа во натпреварувачки меч, тоа не се случува често. Тој е најголем на сите времиња и на теренот и надвор од него“, изјави Серена.
Федерер во дубл мечот играше со Белинда Бенчиќ, додека партнер на Серена беше Френсис Тиефо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

