Серена: Пензија? Се подготвувам за тоа веќе десет години

Американската тенисерка Серена Вилијамс изјави дека веќе една деценија се подготвува да замине во пензија. Серена која во кариерата досега стигна до 23 гранд-слем титули, нема играно од Вимблдон минатата година кога поради повреда го предаде мечот од првото коло.

Американката веќе има 40 години па дел од прашањата на новинарите се дали размислува за крај на тениската кариера.

„Подготвена сум за тој. Се подготвувам за тоа веќе десет години. Мојот татко Ричард секогаш говореше дека мора да бидете подготвени, така да се подготвував за сево ова. На крајот на краиштата секогаш е важно да имате план“, изјави Серена. 

Серена во 2017 година стана мајка кога ја доби ќеркичката Олимпија, а сега откри дека би сакала да има уште деца.

Се вчитува...