Американската тенисерка и освојувачка на 23 гранд-слем титули, Серена Вилијамс повторно ги подгреа шпекулациите за можно враќање на тениските турнири.
„Не знам, ќе видам што ќе се случи. Во моментов се забавувам и уживам во животот, но никогаш не вели никогаш“, изјави Серена.
На почетокот на декември тениската легенда беше вратена на списокот на играчи кои се под строг надзор на антидопинг телата, што е можен прв чекор кон кам-бек. Меѓутоа, во тоа време таа негираше каква било намера да се врати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

