Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс најави дека може да направи кам-бек на тениските терени.
Таа на саемот за дизајн и иновација во Сан Франциско даде изјава која ја разбранува тениската јавност во светот. Американката вели дека никогаш не изјавила дека е во пензија и затоа отворени се опциите да се врати на терените.
„Не не сум во пензија. Постои голема шанса повторно да ме видите на терените. Еве ве викам на мојот имот таму имам терени“, на шала изјави Серена.
Оваа двосмилена изјава беше повод светските медиуми да почнат да говорат дека Американката сепак би можело повторно да заигра на највисоко ниво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

