Серена преку Халеп до полуфинале на Австралија опен

Серена Вилијамс се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако во четвртфиналниот меч беше подобра од Романката, Симона Халеп со максимални 2-0 (6-3 и 6-3). Во првиот сет Серена уште од самиот старт го контролираше мечот, додека во вториот сет успеа да се врати од еден брејк негатива.

Во полуфиналето таа ќе се сретне со Јапонката, Наоми Осака која во првото четвртфинале беше подобра Су-веј Сиех од Тајпеј со 2-0 (6-2 и 6-2).

 

Се вчитува...