Најуспешната во историјата на тенисот, Серена Вилијамс, која минатата година имаше многу проблеми во бременоста и на крајот успеа да роди здрава ќерка, се врати како суперхероина на Ролан Гарос. Таа мина во второто коло на францускиот гранслем славејќи против Плишкова од Чешка со 7-6,6-4. Но, вистинското внимание го привлече поради комбинацијата со која настапи во Франција, инспирирана од нејзиниот, како што вели, суперхерој „Црниот пантер“. И тоа за сите мајки кои имале тешка бременост и продолжиле да веруваат во себе.
„За сите мајки кои минале тешка бременост и кои мораа да минат сешто за повторно да бидат на 100% и да веруваат во себе. Дали и некоја друга го сака костимот на „Црниот пантер?“ – истакна 36-годишната Серена по мечот.
Американската тенисерка имаше големи проблеми во бременоста, долго ги криеше од јавноста, но откако роди здрава ќерка, Алексис Олимпија Оханиан, проговори јавно и реши да зборува гласно за проблемите што ги имаат мајките. Таа ужива во своето мајчинство, но полека и му се враќа на професионалниот тенис.
Освојувачката на 23 грандслем титули во февруари играше на Индијан Велс, а Ролан Гарос е нејзин прв гранслем турнир по освојувањето на минатогодишниот Австралија опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА