Американската тенисерка Серена Вилијамс поради повреда на левото колено ќе ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами. Тоа ќе биде можност за Анжелик Кербер повторно да се врати на врвот на ВТА – листата.
„За жал, морав да го откажам учеството на турнирите во Индијан Велс и во Мајами. Поради болки во левото колено, не можев да тренирам со максимален интензитет. Разочарана сум, меѓутоа морам да ги слушам лекарските совети за да можам да се вратам во натпреварувачки ритам“, изјави Серена Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА