Серена Вилијамс и холивудските ѕвезди формираат женски фудбалски тим

Серена Вилијамс со помош на неколку големи холивудски ѕвезди плус инвеститори од технолошкиот и од медиа секторот ќе формира женски фудбалски тим. Операцијата треба да заврши навреме до почетокот на сезоната 2022 во женската фудбалска конкуренција во САД.

Сопругот на Серена, Алекс Онаниан кој е ко-сопственик на компанијата Редит е впишан во листата основачи. Меѓу сопствениците е вбројана и двегодишната ќерка на Серена.

Натали Портман, Ева Лонгорија, Џенифер Гарнер, Узо Адуба, Америка Ферара, сите овие ѕвезди се вклучени во проектот.

Групата се нарекува „Angel City“. Во Лигата засега нема тим од Лос Анџелес. Името и стадионот каде што клубот би ги одигрувал натпреварите ќе бидат дополнително одредени. Од НВСЛ ја поздравија идејата.

 

 

Се вчитува...