Серена Вилијамс испадна од УС Опен и ја заврши богатата кариера

Американската тенисерка Серена Вилијамс ја заврши кариерата со пораз во третото коло на УС Опен. 40-годишната Вилијамс неодамна најави дека ова ќе и биде последниот турнир во кариерата.

Вилијамс одигра одличен меч за крај на 27-годишната кариера, а загуби од Ајла Томљановиќ со 7-5, 6-7, 6-1.

Беше тоа меч полн со емоции, со пресврт, со искачувања и падови, а никој на трибините ниту на тв екраните не можеше да остане рамнодушен после три часа и пет минути игра.

Поранешната долгогодишна прва тенисерка спаси пет меч топки, но беше немоќна да ја сопре шестата. Додека се збогуваше од публиката, на теренот одекна „Simly The Best”.

Вилијамс со солзи во очите по мечот истакна дека нејзината сестра Венус е „виновникот“ што Серена постоеше и што играше врвен и квалитетен тенис.

Се вчитува...