Американската тенисерка Серена Вилијамс објави дека е во 20. седмица од бременоста и ја изненади јавноста со можноста тоа да биде и конечен крај на нејзината фантастична тениска кариера. Но, таа планира да се врати на тениските терени по породувањето и да продолжи активно да игра тенис на големите турнири. Оваа година таа ќе наполни 36, но, сепак, не планира да замине во тениска пензија.
Серена Вилијамс ја освои титулата на Австралија опен во блажена состојба, по ова се повлече, но нејзината ПР менаџерка, Кели Буш Новак, и официјално потврди дека таа ќе се врати на тенисот по породувањето и веќе ја прави програмата за настап на ВТА турнирите во 2018 година.
Серена не би била првата тенисерка која во улога на мајка би се вратила на ВТА тур. Претходно, тоаго сторија и Линдзи Девенпорт, Ким Клајстерс, а истото го планира и Викторија Азаренка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА