Серена Вилијамс е подготвена по три и пол години пауза да му се врати на тенисот, нешто што може да го очекуваме веќе на почетокот од наредниот месец.
Американката која има 44 години минатата есен се вклучи на анти-допинг програмата (ИТИА), според која повратниците во вакви ситуации мора да минат шестмесечна програма пред да добијат зелено светло за камбек. Тие шест месеци истекуваат на 22 февруари, кога се очекува Серена и официјално да објави дека е подготвена за голем камек на терените.
Нејзини блиски пријатели обелоденија дека Вилијамс напорно тренира во својот дом, подгревајќи ги шпекулациите за камбек, па сите со нетрпение очекуваат да видат дали и кога овие најави ќе се реализираат.
Серена Вилијамс е најуспешна светска тенисерка на сите времиња со 23 гранслем титули, но последниот трофеј на најголемите турнири го освои во 2017. Нејзин последен настап на тениските терени беше во 2022, на УС Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

