Поранешната тенисерка број 1, Серена Вилијамс ќе се врати на тениските терени во најскоро време. Американката има закажан пријателски меч на 30. декември против шампионката од Ролан Гарос, Јелена Остапенко, како дел од Мубадала шампионатот кој се одржува во Абу Даби.
Вилијамс со овој меч го најавува своето враќање во тенисот по една година откако за прв пат стана мајка. Последниот турнир на кој учествуваше беше Аустралијан опен кој воедно и го освои.
Новата сезона на АТП и ВТА започнува на 1. јануари со почеток на турнирот во Бризбан, Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА