Шесткратната титуларка на УС Опен, Серена Вилијамс по голема борба се пласираше во четвртфиналето на грен-слемот во Њујорк откако во осиминафиналната пресметка со 2-1 во сетови ја победи грчката тенисерка, Марија Сакари.
Воведниот сет и припадна на Вилијамс со 6-3, Сакари се избори за трет решавачки сет откако вториот го доби во тај-брејк, а во последниот сет, Американката беше подобра повторно со 6-3.
Серена Вилијамс која е трета турнирска носителка за место во полуфиналето ќе се соочи со победничката од дуелот меѓу Ализ Корне и Цветана Пиронкова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

