Серена Вилијамс се повлече од Индијан Велс

Серена Вилијамс не го заврши мечот од третото коло на Индијан Велс против Гарбине Мугуруза. Официјалното објаснување е дека Американката се повлекла поради вироза.

Вилијамс ги доби првите три гема од мечот во кои изгледаше сосема добро, но потоа Шпанката доби седум гема по ред и водеше до 6-3 и 1-0 кога Серена реши да се повлече. Поранешната тенисерка број еден беше дестторангирана во Индијан Велс.

Мугуруза во следната рунда ќе се соочи со Кики Бертенс кој ја победи Џоана Конта. Серена Виијамс најави дека ќе почне да се подготвува за тунрирот во Мајами.

 

 

 

Се вчитува...