Американката Серена Вилијамс поради повреда на грбот се повлече во финалето на Роџерс Купот во Торонто, предавајќи ја титулата на канадската тинејџерка Бјанка Андрееску. При 3-1 во гемови во првиот сет, Вилијамс имаше грчеви во грбот, а Андрееску дојде и ја тешеше на клупата.
„Не можев да го одиграм мечот. Се обидов, но не можев“, изјави Серена Вилијамс.
Андрееску стана првата Канаѓанка кој ја освои титулата во поединечна конкуренција на Роџерс Купот од 1969 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА