Американската ветеранка Серена Вилијамс не успеа да освои нова гран-слем титула откако во финалето на УС Опен загуби од Бјанка Андрееску во два сета. Минатата сезона Серена Вилијамс и го отстапи трофејот на Наоми Осака, но вели дека е горда што две децении игра на врвно ниво, честитајќи и на противничката за успехот.
„Се борев за секоја топка, се обидував што е можно подолго да останам на теренот и сакам да им се заблагодарам на фановите за поддршката. Честитки за Бјанка, играше неверојатен тенис, ја очекува навистина светла иднина. Се радувам за неа, чувството ми е исто како сум губела од сестра ми Венус. Јас сум горда што сепак 20 години играм на високо ниво и се надевам дека и по овој пораз ќе успеам да застанам на нозе“, изјави Серена Вилијамс по поразот во големото финале на УС Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА