Серена Вилијамс се враќа на терените во Рим

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс по паузата поради повредата на коленото враќањето на терените ќе го има во  Рим, изјави директорот на турнирот Серџио Палмиери.

Помладата од сестрите Вилијамс не настапи на ниту еден турнир откако поради повреда го предаде мечот од третото коло на турнирот во Мајами, против Кинеската Ванг.

Серена нема настап во Рим од 2016 година кога ја освои четвртата титула на престижниот турнир, совладувајќи ја во финалето сонародничката Медисон Кис.

 

Се вчитува...