Серена: Знаев дека можам и морам подобро

Серена Вилијамс го изгуби првиот сет во дуелот со Кејти Мекнил, но на крајот успеа да направи пресврт и да се пласира во 3. коло на УС опен. По мечот Серена беше среќна поради победата, но и изјави дека знаела дека по губењето на првиот сет може, но и мора да почне да игра подобро доколку сака да направи целосен пресврт.

„Морав да престанам да правам грешки кои ги правев во првиот сет и во поголемиот дел од вториот сет. Не можеш да освоиш грен-слем доколку правиш толку многу грешки. Знаев дека морам да почнам да играм подобро, но знаев дека и го можам тоа. На крајот се се заврши добро. Честитки и до Мекнил која одигра одличен меч“, изјави Вилијамс. 

Во следното коло таа ќе се сретне со подобрата од мечот меѓу Каролина Мучова од Чешка и Су веј Сие кој вчера беше одложен поради дожд.

Се вчитува...