Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, одигра фантастичен меч за младата фудбалска репрезентација на Шпанија до 21 година во полуфиналето на Европското првенство во Полска, постигнувајќи хет – трик во триумфот од 3-1 против Италија. Веднаш се појавија информации дека за него се заинтересирани неколку големи европски клубови, вклучувајќи ја и Барселона, но претседателот на „јорганџиите“, Енрике Серезо, истакна дека тој нема да замине од Атлетико Мадрид.
„Саул Нигез може само да го сонуваат, тој долго време ќе игра за Атлетико Мадрид. Среќни сме за него, и за репрезентацијата на Шпанија, се надеваме дека ќе го освојат златниот медал на ЕП во Полска. Што се однесува до изданието на Саул, горди сме што го имаме во Атлетико Мадрид. Тој е еден од важните играчи во нашиот тим и така ќе биде уште долго“, изјави Енрике Серезо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА