Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез е хоспитализиран во Мостар.
Барбарез почувствувал силни болки во стомакот и веднаш повикал брза помош, а по прегледот, лекарите го задржале во болница.
Според неофицијални информации, станува збор за камен во жолчката. Неговата состојба е стабилна и не се очекуваат компликации.
Барбарез е шеснаесеттиот тренер на Босна и Херцеговина, а на клупата го наследи Саво Милошевиќ, кој беше на таа позиција нешто повеќе од шест месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

