Сергеј Горбок се збогува со Вардар: Благодарам Скопје за се! (ФОТО)

Рускиот репрезентативец Сергеј Горбок го напушта Вардар. Тој во новата сезона нема да биде дел од „црвено-црниот“ тим, откако на Инстаграм се заблагодари за поддршката и периодот поминат во актуелниот европски првак.

„Сакам да кажам едно големо благодарам за се што имам доживеано во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да запознам многу луѓе и тие станаа дел од мојот живот“, напиша меѓудругото Сергеј Горбок во објавата на Инстаграм.

Горбок во Вардар беше од 2014 до 2016 година, потоа две сезони играше за ПИК Сегед, а во 2018 година се врати повторно во Вардар и беше дел од втората европска шампионска титула.

 

View this post on Instagram

 

Јас сакам да кажам едно големо благодарам за сите што го имам доживеано во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да знаат многу луѓе и тие станаа мојот живот. И многу благодарение на Сергеј Samsonenko за најдобар ракометен клуб во светот. Бев среќен да игра во овој клуб со толку прекрасни луѓе. Ви благодариме на сите толку многу????? I want to say a huge thank you to everyone that I have experienced in this club. Many thanks to all the fans and the city of Skopje. I am very happy that I got to know many people and they became my life. And many thanks to Sergey Samsonenko for the best handball club in the world. I was lucky to play in this club with such beautiful people. Thank you all very much??????

A post shared by Сергей (@gorboksergej) on

Се вчитува...