Сергеј Милинковиќ-Савиќ ова лето ќе се пресели во редовите на Јувентус, пренесува доброупатениот италијански медиум „Газета дело спорт“. Српскиот интернациналец веќе подолго време се споменува со заминување од Лацио, а до тоа ќе дојде во јуни.
Играчот за врска и Јувентус веќе ги договориле личните услови со кои ќе заработува годишна плата од шест милиони евра со бонуси, а останува уште двата тима да ги договорат личните услови за преселба.
Милинковиќ-Савиќ важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција, а и покрај тоа што Лацио долго одбиваше заминување на сега 27-годишникот, овој пат се очекува да му излезе во пресрет на Србинот кој за римскиот состав одигра 314 натпревари бележејќи 63 гола и 58 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА