Челниците на Јувентус почнале да работат на трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и сакаат да го донесат уште во јануари.
Ваквата информација ја пренесува „Кориере дело Спорт“, кој потсетува дека Јувентус лошо ја отвори сезоната, па веќе заостанува 10 бода од врвот и сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Примарна цел е Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Јувентус нема да жали пари за да го донесе во Торино. СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио е под притисок, но сигирно нема лесно да го продаде на средина од сезоната.
Јувентус е спремен да понуди 70 милиони евра и се верува дека самиот фудбалер ќе инсистира Лацио да ја прифати понудата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА