Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ – Савиќ е пред трансфер во францускиот првак Пари Сен Жермен. Раководството на „светците“ понуди 75 милиони евра за негов ангажман, многу повеќе од италијанскиот шампион Јувентус кој се обидува да ја спушти продажната цена на одличниот играч за врска до 60 милиони евра.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, досега не сакаше ниту да слушне за продажба на најдобриот фудбалер под 100 милиони евра, но очигледно дека ќе мора да попушти и да се согласи популарниот СМС ова лето да се пресели во Париз.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, во Сергеј Милинковиќ – Савиќ го гледа решението за пополнување на празнината околу се поизвесното заминување на Бразилецот Нејмар од „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА