Сергеј Ребров – нов тренер на Стефан Спировски

Поранешниот украински репрезентативец Сергеј Ребров, е нов тренер на унгарскиот прволигаш Ференцварош за кој настапува и нашиот репрезентативец Стефан Спировски. Ференцварош по четирите победи во последното коло ремизираше дома со Пакси, по што неочекувано следеше отказ за Германецот Томас Дол. Потрагата по нов тренер заврши експресно, откако беше постигнат договор за соработка со Ребров.

Благодарност до луѓето од Ференцварош за укажаната доверба. Му благодарам на мојот претходник Томас Дол за работата што ја вршеше досега и му посакувам многу среќа во иднина. Целите на овој клуб се највисоки, прво место во лигата и играње на убав фудбал, верувам дека Ференцварош може да го оствари тоа“ – изјави Ребров.

Ференцварош моментно се наоѓа на чело на табелата во унгарскиот шампионат со 13 бода по пет одиграни кола. Стефан Ристовски беше стандарден првотимец на петте натпревари под водство на Дол, а се очекува истиот статус да го задржи и кај новиот тренер на унгарскиот клуб.

Се вчитува...