Сергеј Самсоненко пак е газда на ракометен клуб

Поранешниот прв човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, повторно се враќа во светот на ракометот, овојпат во татковината откако го презеде раководењето со екипата на Ростов Дон.

Самсоненко е роден во Ростов, а по десетина години минати во Македонија реши да се посвети на ракометот и во Русија, како дел од овој трофеен колектив.

„Со доаѓањето на Сергеј, Ростов добива силнни темели за натамошен развој и за враќање на победничката традиција. Убедени сме дека со новиот претседател клубот ќе достигне нови височини“, објави Ростов Дон.

РК Вардар под водство на Русинот стигна до две европски круни, ЖРК Вардар беше редовен учесник на Ф4 во Лигата на Шампионите, на Самсоненко е главниот виновник за огромната финансиска криза што ги стресе „црвено-црните“ и резултираше со целосен колапс на женскиот колектив, додека машкиот беше спасен од страна на Михајло Михајловски, но токму поради долговите направени од Самсоненко „вардарци“ го загубија правото да настапуваат во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...