Сергеј Семак ќе го наследи Манчини како тренер на Зенит

Поранешниот руски репрезентативец Сергеј Семак е новиот тренер на Зенит. Клубот од Санкт Петербург ослучи токму Семак да биде наследникот на италијанскиот стратег Роберто Манчини, кој се врати во родната земја и го презеде кормилото на „аѕурите“.

Сергеј Семак во минатото го носеше дресот на Зенит, а тренерската кариера успешно ја стартуваше во УФА.

„Среќни сме што Сергеј Семак се враќа во нашиот клуб, овојпат како шеф на стручниот штаб. Се надеваме дека ќе биде успешен како и во УФА и дека заедно ќе освоиме многу трофеи“, истакнуваат од Зенит.

Се вчитува...