Серхи Роберто и Барса ја продолжуваат соработката до 2024 година

Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто се договорил со управата на клубот и ќе потпише нов договор за уште две години. Двете страни се задоволни од досегашната соработка, па новиот договор се очекува да биде официјализиран веќе следната недела.

Спроед весникот „Марка“, 29-годишниот играч за врска се согласил да ја намали платата и ќе се обврзе на верност до 2024 година. Така, сите четворица капитени на „Камп Ноу“ сега ќе имаат намалени плати, како што претходно истото го направија Жерар Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Откако финансиската криза ја покоси Барселона, дел од фудбалерите се понудија да помогнат на клубот и да ги намалат своите финансиски апетити, а покрај капитените, вакви одлуки се очекуваат да бидат донесени и од останатите играчи.

Се вчитува...