Проблемите за Барселона никако да стивнат. Каталонскиот тим покрај со финансиите се мачи и на теренот, а во натпреварот за „рехабилитацијата“ по поразот од Реал Мдрид во Ел Класико против Рајо Валекано на нашиот Столе Димитриевски (19 часот) Роналд Куман нема да може да смета на седум играчи: Роналд Араухо, Мартин Брајтвајт, Усман Дембеле, Ансу Фати, Педри, Муса Ваг и Френки де Јонг.
Сепак добри вести за холандскиот стратег е враќањето на Серхио Агуеро во полна форма, а очекувањата на шпанските медиуми се дека Аргентинецот кој досега започнувајќи од клупата настапи против Веленсија, Динамо Киев и Реал Мадрид ќе се најде во почетните единаесетмина за прв пат оваа сезона.
Искусниот напаѓач оваа сезона пристигна на „Камп Ноу“ како слободен играч и очекувањата беа дека ќе биде вистинско освежување во нападот, но 33-годишникот за дебито во дресот на каталонците чекаше се до 17. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА