Серхио Љуљ се збогува од репрезентацијата на Шпанија

Серхио Љуљ повеќе нема да игра за шпанската репрезентација. По 173 одиграни натпревари и седум освоени медали, Серхио Љуљ се прости од дресот на шпанската репрезентација.

Својата одлука Љуљ ја соопшти во Музејот на Шпанската кошаркарска асоцијација во Мадрид.

„Многу сум нервозен. Подобро да ја имам топката во раце на шест секунди до крајот на натпреварот. Време е да се збогувам со репрезентацијата. Беше чест да го носам овој дрес толку долго. Беше неверојатно патување. Дадов се што имав“, изјави Љуљ.

Љуљ освои седум медали со Шпанија – четири на Европското првенство (бронза во 2013 година, злато во 2009, 2011 и 2015 година), еден на Светското првенство (злато во 2019 година) и два на Олимписките игри (сребро во 2012 година и бронза во 2016 година).

Се вчитува...