Серхио Перез е пред камбек во Формула 1

Серхио Перез е на добар пат да се врати анзад во Формула 1 шампионатот откако мексиканскиот возач доби отказ од Ред Бул, чии тимски шефови не беа задоволни од неговите изданија како тимски колега на светскиот првак Макс Ферстапен.

На местот на Перез беше доведен Лосон, потоа и тој доби отказ и беше заменет со Цунода, но и слабите изданија на Јапонецот јасно покажаа дека Мексиканецот воопшто не е така слаб возач како што беше претставуван во претходните две години.

Американскиот тим „Кадилак“ е подготвен за влез во Формула 1 во 2026 година, а челниците на овој нов тим го планираат токму Перез за вој прв возач наредната сезона. Преговорите се во завршна фаза, а Кадилак инсистира да го осигура потписот на мексиканскиот возач до крајот на летово, да не ризикува тој на крајот од сезоната да потпише за некој друг тим во Формула 1.

Се вчитува...