Мексиканецот Серхио Перез сепак би можел да вози за тимот на Ред Бул и следната сезона. Неговата иднина беше предмет на шпекулации во последните месеци, но како што објави Марко, тој потпишал неколку нови спонзорски договори за 2025 година.
Медиумите додаваат дека добил зелено светло од тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер да започне со рекламирање за следната сезона. Ова се јасни индикации дека тој би можел да го доживее договорот до крај, кој истекува на крајот на следната сезона.
Инаку, Перез во текот на летото потпиша едногодишно продолжување на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА