Неверојатниот пад на формата и непретпознатливоста на стазата во последните трки во Формула 1 шампонатот можат да му донесат отказ на Серхио Перез во Ред Бул и покрај тоа што Мексиканецот неодамна го продолжи договорот со тимот, пренесуваат светските медиуми.
На последните трки Перез возеше во катастрофална форма, мачејќи се да заврши во топ 10 и притоа освои само 11 бодови па тој може да претрпе отказ уште оваа сезона и да биде заменет за време на летната пауза која следи по Големата награда на Белгија на почетокот на месец август.
Перез во договорот со Ред Бул има клаузула според која при лоши резултати тимот може да го прекине договорот, нешто за што австрискиот тим и размислува.
Веќе се шпекулира и со неговиот наследник. Тоа е искусниот Даниел Рикардо од РБ кој во минатото со успех возеше зад воланот на актуелниот шампион на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА