Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос два пати ги прекршил анти-допинг правилата, но случајот бил прикриен, па ни тој ни Реал не добиле никаква казна, открива „Фудбал лекс“.
Веста ја пренесе „Марка“, а ја пренесуваат сите релевантни светски медиуми.
Еден од споменатите случаи била онаа против Јувентус во финалето од Лигата на шампионите на која Реал славеше со 4-1.
Лакерот на Реал признал дека на Рамос му дал инекција со дексаметазон во рамото и во коленото на ден пред натпреварот со Јувентус, но УЕФА одлучила да го „архивира“ случајот.
Рамос исто така се обвинува и дека не ги почитувал правилата на шпанската агенција АЕПСАД и во април годинава после натпреварот со Малага.
Капитенот на Реал, наводно, бил предупреден дека ќе му биде испитана урината, но тој си заминал после натпреварот и не дошол на тестирањето.
Според правилата на Агенцијата, играчот непосредно пред тестирањето не смее да се тушира ниту да оди во тоалет, а Рамос го направил токму тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА