Серхио Рамос е класа, Монтереј му го расипа дебито на Киву во Интер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Монтереј направија изненадување на отворањето на нивната групна фаза од Светското клупско првенство, бидејќи одиграа 1:1 против финалистот на Лигата на шампионите Интер, за кој дебитираа тренерот Кристијан Киву.

Херој на Монтереј беше легендарниот Серхио Рамос, кој постигна гол со глава во 25-тата минута и со тоа му донесе предност на тимот од северот на Мексико. Искусниот дефанзивец го надмина Франческо Ачерби и го постигна својот четврти гол на клупските светски првенства, а прв во дресот на Монтереј (претходните три ги постигна за Реал Мадрид).

Италијанците успеаја да израмнат во 42-та минута преку Лаутаро Мартинез, кој постигна гол по координирана акција, а во остатокот мрежите останаа мирни, иако имаше шанси.

Серхио Каналес можеше да го врати водството на Мексиканците, но неговиот проектил заврши во стативата, додека вториот гол на Лаутаро во 67-та минута беше поништен поради офсајд.

Се вчитува...