Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос вчера постави нов рекорд во Лигата на Шампиони по бројот на картони. Главниот арбитар Феликс Брих, во 78. минута му го додели 37. картон на шпанскиот дефанзивец во најелитното европско клупско натпреварување, отстранувајќи го Пол Сколс од лидерската позиција, кој во кариерата брои 36 картони на настапите во Европа.
Жолтиот картон против „светците“ е 35-ти во кариерата на Рамос, вкупно има 37, од кои два се црвени, а до оваа бројка стигна настапувајќи на 110 средби во меѓународното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА