Серхио Рамос го напушта Мексико и се враќа во Шпанија!?

Шпанската легенда Серхио Рамос го напушта својот сегашен клуб Монтереј. Ова ќе се случи по завршувањето на плејоф фазата во мексиканската Апертура, која започнува сега. Сепак, дефанзивецот, кој ќе наполни 40 години во март, не планира да ја заврши кариерата, туку ќе бара нов тим.

Рамос се приклучи на Монтереј минатиот февруари како слободен агент со договор до крајот на декември. Тој покажа добра форма и е клучен играч за тимот, а беше со нив и на Светското клупско првенство во лето.

Според последните информации, легендарниот шпански стопер би можел да се врати во Шпанија, каде што ќе ја заврши својата богата кариера. Во минатото настапуваше за Севиља, Реал Мадрид, потоа во ПСЖ, пред да замине во Мексико.

Се вчитува...